Интер тргнува по нов англиски репрезентативец

Интер започнува конкретни преговори со Тотенхем за ангажман на Џед Спенс, а италијанскиот клуб наскоро треба да испрати и прва официјална понуда.

Според последните информации, „нераѕурите“ повторно ќе се обидат да го доведат англискиот десниот бек, откако интересот за него постои веќе некое време.

Спенс е заинтересиран за преселба во Милано, па сега главната одлука е во рацете на Тотенхем, кој треба да ги одреди условите под кои би се согласил на трансферот.

Интер се очекува во следниот период да достави почетна понуда, по што би започнале конкретните разговори меѓу двата клуба.

Се вчитува...