Интер заврши голема работа: Спенс доаѓа на “Џузепе Меаца“

Интер осигура важен трансфер откако италијанскиот првак конечно успешно ги финишираше преговорите со Тотенхем за Џед Спенс, кој ќе потпише четиригодишен договор со „нероаѕурите“.

Италијанскиот шампион беше во потрага по нов бек откако Дамфрис се пресели во Реал Мадрид, прва желба беше Палестра, но италијанскиот дефанзивец на крајот го избра Челси за следна дестинација во кариерата.

Потоа вниманието целосно беше насочено кон Спенс, за денеска конечно да биде постигнат целосен договор, англискиот репрезентативец да се пресели на Апенинскиот полуостров, а Тотенхем да добие вкупно 31,5 милиони евра за овој трансфер.

Одличниот дефанзивец се снаоѓа подеднакво добро и по левата страна, но ако се знае дека Киву на таа позиција во тимот го има Димарко, за очекување е Спенс на биде прва опција на Интер на позицијата десен бек во новата сезона.

Се вчитува...