Интерес од француски клуб за Бојан Миовски

Одличната форма која ја покажува сезонава и головите кои ги постигнува во Шкотска, придонесоа за зголемен интерес за Бојан Миовски. Според информациите од Франција, за Миовски има интерес од Ремс.

Ремс веќе следи неколку играчи, а меѓу нив е и Моовски кој ја разгледува опцијата уште во јануари да тргне по потписот на македонскиот интернационалец. Напаѓачот на Абердин постигна 10 гола во досегашните 14 натпревари во шкотскиот шампионат.

Миовски има договор до 2026 година со Абердин, а се претпоставува дека Ремс ќе мора да плати најмалку 4-5 милиони евра за да го добие потписот на Македонецот.

Се вчитува...