ИНТЕРЕСНА АНАЛИЗА: Вардар води на „Гугл“, Шкендија на терен…!

Очигледно, дигиталниот интерес за македонските клубови не ја следи секогаш првенствената табела, покажува новата анализа на „Гугл Трендс“ (Google Trends).

Најочигледниот пример за тоа е на врвот: Шкендија е прва на табелата во моментов во Првата лига, но Вардар има значително поголем интерес на Гугл. На заеднички индекс каде Вардар е 100, Шкендија е на 61,8.

Интересен е и податокот за нивниот меѓусебен натпревар. На 9 август, кога Вардар и Шкендија играа меѓусебно, Шкендија достигна „Google Trends индекс 100“ — повисоко од кој било од нејзините европски натпревари во анализираниот период.

 

Регионалните податоци исто така даваат интересна слика. Во Куманово, Башкими е пред Вардар и Шкендија според интересот за пребарување, иако се наоѓа при дното на лигашката табела. Во Скопје, Вардар води со 47, додека Шкендија има 39.

Анализата ги опфаќа сите десет прволигашки клубови. Бидејќи Google Trends дозволува ограничен број споредби одеднаш, податоците се добиени преку две преклопени групи со шест исти клуба, што овозможува резултатите да се споредат на заедничка скала.

 

Се вчитува...