Интересот за дербито огромен, Шкендија ги пушти билетите за Вардар по цена од 100 денари

Пролетниот дел од сезоната во Првата фудбалска лига стартува в среда, со почеток во 14 часот, а во Тетово силите ќе ги одмерат аспирантите за титулата, лидерот Шкендија и актуелниот првак Вардар. Интересот кај љубителите на фудбалот за дербито е огромен, а Шкендија одлучи цената на билетите да биде популарна, само 100 денари. Тетовскиот тим посакува голема поддршка од трибините.

Како што информира Шкендија преку својот официјален сајт, билетите се веќе пуштени во продажба во фан-шопот на клубот во Тетово, а на денот на натпреварот ќе се продаваат и пред Градскиот стадион во Тетово.

Се вчитува...