Интернационален онлајн фестивал „Како реагира светот на Ковид-19“

Со задоволство ве известуваме дека утре, 28 април 2020 година се одржува интернационален онлајн фестивал на тема „Како светот реагира на Ковид-19“, во организација на меѓународната плаформа за новинарство Outride.rs, на кој Некстсенс, како компанија која ја изработи апликацијата СтопКорона! е поканета да ги сподели своите искуства и да ги претстави предностите на апликацијата во напорите за справување со поледиците од пандемијата со Ковид -19.

Фестивалот, на кој ќе учествуваат претставници од целиот свет, се одржува на симболичен ден – ден на Суперхероите, и има за цел да ги одбележи најголемите иницијативи и иноватори во кризата со коронавирусот и да инспирира нови решенија за борба против Ковид-19. Вонредната состојба предизвикана од глобалната пандемија е силен двигател за иновации, помагање, споделување, ангажирање и самоорганизирање. Секоја земја има свои херои: медицински работници, лидери во заедницата, инфлуенсери, претприемачи, уметници и бизниси.

Организаторот упати покана до Некстсенс да ја презентира апликацијата СтопКорона!, која веќе е препознаена во Европа и пошироко како апликација која што е наменета да даде прионес во борбата против ширењето на пандемијата со „Ковид-19“.

Имајќи го предвид големиот интерес во светот за ваков тип на мобилна апликација која овозможува следење на изложеноста на Ковид-19, Некстсенс на Фестивалот ќе ги презентира искуствата и моделот на мобилна апликација за откривање близок контакт со потенцијално заразени лица преку постапка за детекција на блискост на мобилни уреди/апликации, со користење на Bluetooth технологија. Мобилната апликација СтопКорона! е прва од овој тип во регионот на ЈИЕ и меѓу неколкуте во светот.

Ве покануваме утре да го проследите меѓународниот Фестивал посветен на иновативните иницијативи во борбата против коронавирусот, кој ќе биде емитуван во живо на Facebook: https://www.facebook.com/events/181692989528550

Презентацијата на Некстсенс започнува во 12.00 часот, по што следи сесија со прашања и одговори од учесниците и јавноста.

Приклучете се во живо и следете го интернационалениот онлајн фестивал „Како светот реагира на Ковид-19“.

 Агендата и сите информации за фестивалот се достапни на https://festiwal.outride.rs/en/

 Комерцијален текст

Се вчитува...