Инцидент на полувреме: Комити во дуел со публиката и полицијата, запалени и факели

Еурофарм Пелистер има плус четири на полувреме (8-12) против Вардар во финалето на ракометниот куп на Македонија кој се игра во салата „Јасмин“ во Кавадарци.

По крајот на првото полувреме дојде и до помал инцидент на трибините каде навивачката група на Вардар „комити“ дојде во дуел со дел од публиката во „Јасмин“, по што следуваше и дуел со полицијата.

Беа запалени и „факели“, а по интервенција на полицијата атмосферата привремено се смири.

Сепак, откако не беа создадени услови за нормален почеток на вториот дел, стартот е одложен додека не се смири тензијата на трибините.

Се вчитува...