Инцидент на трибините во Подгорица на вчерашниот меч меѓу Будуќност и Струга ТЛ

Екипата на Струга ТЛ го елиминираше Будуќност во натпревар од 2. квалификациско коло во Лигата на Конференции, откако и на реваншот го победи со 3-4, и така со вкупни 3-5 се пласираше во следната фаза.

Вечерашниот натпревар го одбележа и еден инцидент. Гужвата на крајот од првиот дел ја предизвикале домашните навивачи, откако нападнале лице кое носело дрес на Црвена Звезда. Станува збор за син дрес на кој пишувало Савичевиќ.

Групата од десетина навивачи го нападнале момчето, но полицијата експресно реагирала и спречила поголем инциент. Навивачот, кој бил во друштво со својата партнерка, потоа го напуштил стадионот и не го гледал мечот.

Се вчитува...