Инцидент во Карпош: Кондицискиот тренер на Локомотива физички го нападнал судијата Смоквоски

Повеќе од возбудлив натпревар одиграа Локомотива и Тетекс на стадионот во Карпош во рамките на 22. коло од Втората лига – Запад, кој заврши без победни 2-2.

Домашните до бодот дојдоа во 90. минута со автоголот на Игор Савевски. Во последните минути и двете екипи имаа шанси и за триумф, но на крајот очигледно понезадоволни беа од таборот на Локомотива искажувајќи незадоволство и од судењето на главниот судија Кирил Смоквоски од Прилеп.

Како што се вели и во официјалниот записник од натпреварот, „по крајот на мечот имало инцидент од страна на кондицискиот тренер на Локомотива, Урош Матевски кој го нападна главниот судија“. Делегатот на натпреварот, Арсо Здравески од Македонски брод најави детален извештај до комисиите на ФФМ за инцидентот по средбата, по што се очекува ФК Локомотива и Матевски да бидат предадени на Дисциплинецот на Фудбалската федерација на Македонија.

Се вчитува...