Инцидент во Турново… Приведен навивач на Пелистер откако го повреди помошниот судија (ВИДЕО)

Реванш полуфиналниот натпревар од Купот на Македонија меѓу Академија Пандев и Пелистер кој во моментов се игра во Турново, во 22. минута беше во неколкуминутен прекин поради несаканиот инцидент.

Со тврд предмет од страна на навивач на Пелистер беше погоден и повреден помошниот судија Гоце Петрески од Скопје. По интервенцијата на редарските служби навивачот беше приведен и предаден од припадниците на МВР одговорни за безбедноста на стадионот „Кукуш“ во Турново.

По интервенција на лекарските служи и помошта која му беше пружена на помошникот на Димитар Мечкаровски, натпреварот продолжи…

Се вчитува...