Инзаги ги ослободува од притисок своите фудбалери: Сезоната ќе биде успешна и без скудетото

Симоне Инзаги наследи шампионски тим од Антонио Конте, но и доста проблематични ситуации ако се знае дека составот остана без своите најдобри играчи минатата сезона.

Заминувањата на Лукаку и Хакими беа сериозен потрес и многумина веднаш го отпишаат Интер од битката за титулата во Серија А, но тимот на Инзаги влегува со математички шанси за трофејот во последното коло.

Интер не зависи од себе и ќе мора да победи против Сампдорија и да чека услуга од Сасуоло на мечот против Милан, но без оглед на епилогот од овие два меча, Симоне верува дека оваа сезона на Интер е успешна.

Италијанецот уште претходно откри дека кога пристигнал во Интер, упрвата на клубот побарала од него да обезбеди само топ четири и да се бори за титулата во Купот, а тимот веќе освои два трофеи и утре влегува во завршната битка за трет.

„Сезоната е успешна за нас и без Скудетото. Освоивме две титули, онаа во Суперкупот и во Купот, се покажавме во најдобро светло и се вративме во една нокаут фаза во Лигата на шампионите. Сега, се бориме за титулата во последниот ден. Гледам многу добри причини за заклучок дека ова е добра сезона. Судбината не е во наши раце, но мора сериозно да пристапиме на мечот со Сампдорија и да оствариме победа. Видовме што може да направи Сампдорија против Фиорентина и не смееме да земеме ништо здраво за готово. Да ја завршиме нашата работа и да видиме што ќе ни донесе тоа“, изјави Инзаги.

Се вчитува...