Инзаги: Сакав да ги заменам сите 11 играчи на полувремето

Тренерот на Лацио, Симоне Иназаги смета дека неговиот трим во ремито (1-1) против Киево го одиграл најлошто полувреме во трите години откако тој е на клупата. За Лацио ова е трет последовен нерешен резултат и по него со 24 бода се наоѓа на петтото место на табелата.

„Првото полувреме не можевме да го одиграме полошо. Тоа беа најлошите 45 минути откако пред три години го презедов клубот. Ставот ни беше потполно погрешен. Да можев ќе ги заменев сите  11 играчи на полувреме. Се разбира дека ја преземам одговорноста, но од играчите очекувам повеќе. Можеби и не заслуживме повеќе. Три нерешени резултати во серија се загрижувачки. Првпат во сезоната не сме меѓу првите четири екипи“ – изјави Инзаги.

Во следното коло, Лацио ќе игра против десеттопласираната Сампдорија.

 

 

Се вчитува...