Инзаги: Во 25 години фудбал не сум видел вакво нешто

Симоне Инзаги е разочаран по ремито (2-2) на неговиот Лацио кој освои само бод на синоќешниот дуел против Сампдорија иако во 99. минута водеше со 2-1.

Драмата на „Олимпико“ почна кога Лацио со помош на ВАР системот доби пенал во 97. минута, па Чиро Имобиле постигна гол, за се чинеше тогаш триумф на домашните кои на полувремето губеа со 0-1.

Сепак, судијата го продолжи мечот за дополнителна една минута која го чинеше Лацио победа.

„Чувствувам горчина, статистиката јасно покажува дека доминиравме за време на натпреварот. Имавме добар настап. Требаше само да ја задржиме топката во последните 90 секунди. Во 25 години фудбал не сум видел нешто слично. Ова навистина е чуден спорт. Сампдорија е добра екипа и добро организирана, но мислам дека ние ја заслуживме победата“ – вели Инзаги по вчерашниот меч на својот тим.

Се вчитува...