ИОК не ги одложува Олимписките Игри: Нема потреба од драстични мерки

УЕФА реши да го одложи Европското првенство во фудбал, но тоа по се изгледа нема да биде случај и со претстојните Олимписки Игри, што треба летово да се одржат во Токио. Денешниот состанок на раководството на ИОК не донесе конкретна одлука, туку препорака да се продолжи со подготовките за ОИ според предвидената динамика.

„Свесни сме за опасноста на Ковид-вирусот, но сметаме дека нема потреба од драстични мерки и одлуки на четири месеци до почетокот на Олимписките Игри. Секоја шпекулација е контрапродуктивна, наша цел е да се однесуваме како ОИ во Токио да ќе почнат во предвидениот рок и да бидеме подготвени за нивно беспрекорно одржување“, порачаа од ИОК.

Дел од спортистите се пожалиле дека поради карантините во нивните земји не им е дозволено да ги одржат неопходните тренинзи за да ја одржуваат формата, проблем за кој Интернационалниот Олимписки Комитет не може да најде решение.

Јапонците тврдат дека се подготвени за беспрекорна организација на настанот, но пресудно сепак ќе биде дали пандемијата ќе заврши до крајот на месеци мај, со што спортистите би можеле без проблем да ја одработат последната фаза од подготовките, а потоа и да заминат за Токио за почетокот од натпреварувањето и свеченото отворање, закажано за 24 јули.

Се вчитува...