Експедицијата на Ирак пристигна во САД на Светското првенство, но доживеја непријатност откако напаѓачот Ајмен Хусеин бил задржан и испрашуван седум часа на аеродромот „О’Хара“ во Чикаго по пристгнувањето на селекцијата.
Според информации блиски од селекцијата, на Хусеин му бил детално прегледан мобилниот телефон, а потоа следувало и испрашување кое траело неколку часа. На крајот 30-годишниот голгетер добил дозвола за влез во САД.
Засега ниту Ирачката федерација ниту Хусеин не се огласија за инцидентот, додека ниту од имиграциските служби од САД не дадоа објаснување.
Фотографот на репрезентацијата Талал Салах бил задржан повеќе од 10 часа, но по проверката на неговиот мобилен телефон, му бил забранет влез во земјата, и нема да биде дел од селекцијата на Ирак.
Ирак ќе настапува на Мундијал првпат после 40 години, а големи надежи се полагаат во Хусеин, кој беше стрелец на голот со кој репреентацијата обезбеди пласман на СП.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
