Еланаз Рекаби, иранскaта натпреварувачка во качување исчезна по враќањето од Азиското првенство што се одржа во Јужна Кореја. Иранката на натпреварот настапила без хиџаб во знак на солидарност за убиството на Маша Амини, која полицијата во Иран ја уби затоа што не носела хиџаб, кој е задолжителен за жените во оваа азиска земја.
Иранската амбасада во Сеул соопшти дека Рекаби се вратил во Техеран два дена порано од планираното за да избегне протести на аеродромот. Семејството и пријателите немаат никаков контакт со неа и се верува дека „и се одземени пасошот и мобилниот телефон“. Рекаби најверојатно веднаш од аеродромот била однесена во затвор.
Во последните неколку дена во Иран се организираат протести на кои жените бараат да им биде дозволено да не носат хиџаб и да можат да носат облека што не им ги покрива рацете и нозете.
In a historic move, Iranian athlete Elnaz Rekabi who represented Iran at the Asian Climbing Competitions finals in Seoul, competed without hijab, disobeying the Islamic Republic’s restrictions for female athletes. pic.twitter.com/KvxE5NoQLi
— Iran International English (@IranIntl_En) October 16, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА