Иранскиот министер за спорт, Ахмад Донџамали, изјави дека Иран не може да учествува на Светското првенство во фудбал во 2026 година. Тој кажа дека поради тоа што бил убиен нивниот лидер, нема да дозволи учество на селекцијата на овогодинешниот Мундијал.
„Со оглед на тоа што овој корумпиран режим го уби нашиот лидер, под никакви околности не можеме да учествуваме на Светското првенство“, рече Донџамали.
Светското првенство во 2026 година го организираат заеднички САД, Канада и Мексико.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

