Иако војната меѓу САД и нивната татковина е во тек, иранската фудбалска репрезентација се подготвува да оди на Светското првенство, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Од безбедносни причини, тие одлучија да ја направат својата база во Тихуана, Мексико, наместо во Америка. Тие добија визи за влез во Мексико, но визите сe уште се во тек за САД каде што ќе ги играат своите натпревари од групната фаза.
„Во сабота, директно од Шпанија заминуваме за Мексико. Сe е договорено таму, но сe уште чекаме визи за влез во САД“, рече Мехди Таџ, претседател на Иранската фудбалска асоцијација.
Државниот секретар на САД, Марко Рубио, објави дека Иранците ќе можат да влезат во САД, но…
„Фудбалерите нема да имаат никаков проблем, но членовите на делегацијата ќе бидат под строга контрола. Нема да дозволиме никому што има врски со Иранската револуционерна гарда да влезе“, истакна Рубио.
Првиот натпревар на Иран ќе биде во Лос Анџелес против Нов Зеланд на 15 јуни. На истото место, шест дена подоцна, ќе се натпреваруваат против Белгија, а на 26 јуни, во Сиетл, ќе имаат натпревар со Египет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
