Иранците први допатуваа на СП во Русија

Се ближи почетокот на мундијалот во Русија, а прва во пресрет на Светското првенство се позиционираше репрезентацијата на Иран. Фудбалерите на оваа селекција синоќа допатуваа и се сместија во својата база во местото Баковка, во Московската област. Ова е петто учество на Иран на мундијалите, по 1978, 1998, 2006 и 2014 година. Првиот меч на ова СП ќе го имаат против селекцијата на Мароко, на 15 јуни во Санкт Петербург.

„Доаѓањето на СП во Русија е остварување на сонот за иранскиот фудбал. Го остваривме со огромна работа, а јас не можам да ви опишам колку сум горд што ја предводам оваа селекција. Ќе бидеме рамо до рамо со најдобрите светски репрезентации и дел од големото мундијалско семејство. Им посакуваме на сите одлично Светско првенство“, порача селекторот на Иран, Карлос Квеирош, по пристигнувањето во Русија.

Се вчитува...