Иронија: Квијат не смее да вози во Формула 1, но смее во омилениот спорт во САД

Скандалозната одлука на раководството на Формула 1 да забрани настап на руските возачи во натпреварувањето поради војната помеѓу Русија и Украина добива и иронична димензија откако поранешниот Ф1 возач, Русинот Данил Квијат стана нов возач на Тим Хезеберг од НАСКАР шампионатот во САД.

Во омилениот тркачки спорт на Американците, Русинот ќе вози најмалку на три трки на стазите во Индијанаполис, Воткинс Глен и Шарлот.

„Сакам да ја дадам мојата енергија на НАСКАР. Сакам да бидам што подобар и поконкурентен. Сакав да направам нешто „кул“ по кариерата во Формула 1, а не сум видел ништо „покул“ од НАСКАР, тоа е сигурно“, изјави Квијат.

Поранешниот возач на Торо Росо, Ред Бул и Алфа Таури беше во конкуренција и за настап на ФИА Светското првенство за издржливост, но по забраната за настап на Руси пропадна можноста.

Се вчитува...