Мазепин доби отказ, Хас остана и без главниот спонзор

По руското гран при Формула 1 циркузот барем на некое време останува и без единствениот руски возач. Хас го отпушти Никита Мазепин, а го раскина договорот и со главниот спонзор, рускиот Уралкали.

Сето ова се случува поради инвазијата на Русија над Украина и војната која повеќе од една недела се води во оваа земја.

„Ф1 тимот на Хас одлучи да го раскине договорот со Уралкали и со возачот Никита Мазепин. Како и остатокот од Ф1 заедницата, тимот е шокиран и разочаран од инвазијата над Украина и се надева на мирно и брзо решение на конфликтот“, стои во соопштението на тимот. 

Порано неделава ФИА остави отворена можност Мазепин сепак да настапи сезонава, но под неутрално знаме, меѓутоа од тоа нема да биде ништо бидејќи Хас одлучи да замине по друг пат.

Се вчитува...