Иронија: Нејмар чека „бонус за лојалност“ пред да си замине од Барса

Трансферот на Нејмар од Барселона во ПСЖ ќе се комплетира на почетокот од месец август, свесно смислено за Бразилецот да го добие „бонусот за лојалност“ што му бил ветен од каталонскиот гигант, во висина од огромни 25 милиони евра.

Колку и да звучи иронично, Нејмар ќе ги добие овие пари како дел од новиот договор потпишан минатиот октомври, кога Барса за самиот потпис на договорот не му исплатила ништо на својот голгетер, ветувајќи му „бонус за лојалност“ на 1 август 2017 година.

Каталонските медиуми тврдат дека Нејмар е договорен со ПСЖ уште од почетокот на месец јули, но преговорите свесно се одолговлекуваат за тој да ги добие парите од Барселона, пред дефинитивно да си замине од „Камп ноу“ и да се пресели во Париз.

Фановите ја критикуваат управата на Барса за ваквата клаузула со која му се дава бонус на фудбалерот среде преоден рок, со што тој може да ја искористи можноста најпрвин да ги земе парите, а потоа сепак да си замине од „Камп ноу“.

Се вчитува...