Раководството на Њукасл има причина да биде нервозно откако сагата околу иднината на Александар Исак неочекувано се одолговлечи, а шведскиот репрезентативец повеќе не се појавува ниту во тренинг-центарот на „црно-белите“.
Исак јасно стави дека сака да си замине, одбивајќи пребогата понуда на Ал Хилал и избирајќи го Ливерпул за следна дестинација, по што Швеѓанецот најпрвин не отпатува со својот клуб на турнејата низ Азија, за сега да се појави информација дека тој е веќе спакуван и нема комуникација со луѓето од клубот.
Раководството не ја демантираше информацијата дека Исак воопшто не тренира во тренинг-базата заедно со останатите играчи што не патуваа за Азија, а за проблемот да биде уште поголем – Ливерпул се уште нема испратено официјална понуда за Исак. Претходно беше најавувано дека овој мегатрансфер ќе биде најскап во историјата, се шпекулираше со сума од 130 милиони фунти, но англискиот првак се уште тактизира без да испрати официјална понуда.
Останува да се види конечната разврска, желбата на фудбалерот е јасна, но потежок дел од задачата при вакви мегатрансфери секогаш е да се најде заеднички јазик меѓу клубовите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

