Исчезнале тројца боксери од ДР Конго по СП во Белград

Тројца боксери од Демократска Република Конго од вторникот и службено се водат како исчезнати во Белград. Лунат Нкоси, Кајал Енгулу и Мпембеле Нзола учествуваат на Светското првенство во Белград, а по завршувањето на настапите тие не се појавиле на летот со кој од Белград требале да се вратат во Киншаса.

Не се качиле на авионот поради доцнење на резултатите од претходно направените тестови за корона, а потоа не се појавиле ниту на летот за кој им купиле карти, а со кој во вторникот требале да се вратат во ДР Конго.

За сето ова е известена Светската боксерска федерација, а за пронаоѓање на тројцата боксери работи и српската полиција.

Се вчитува...