Исени: Ако сакаме битка за титула, мора победа на секој натпревар

Шкупи, согласно и засилувањата во зимскиот преоден рок, е без сомнение најсериозниот конкурент на Шкендија во трката за шампионската титула сезонава. Силен е мотив во редовите на чаирчани пролетта да се стартува со победа, денеска на гостувањето против Борец во Велес.

„Работвме напорно зимава, подготвени сме за сезоната, но добро е познато дека првите натпревари секогаш се тешки. Одложувањето на колото ни даде и малку повеќе простор за подготовка. Точно е дека се засиливме за време на паузата, но ќе мора новите добро да се адаптираат. Во Велес одиме со желба за победа. Мора на секој натпревар да одиме на триумф ако сакаме до крај на првенството да останеме во игра за титулата“ – вели еден од најдобрите фудбалери на Шкупи, Бесар Исени.

На дуелот во Велес новиот стратег на чаирчани, Хасан Озер, нема да смета на суспендираниот Бесарт Кривањева и на Абдул Руватубјаје кој се уште очекува комплетирање на неопходната документација за регистрација.

ПРВА ЛИГА – 19. КОЛО (денеска, 14 ч.)

Кратово: СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА

Скопје: ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР

Велес: БОРЕЦ – ШКУПИ

Струга: СТРУГА ТЛ – МАКЕДОНИЈА ЃП

Тетово: РЕНОВА – БЕЛАСИЦА

ПРЕТХОДНО (13.02.2021)

Струмица: АК. ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ 0-1

Се вчитува...