Иско го бара местото на Бејл за да остане во Реал

Иско продолжува со одличните настапи кога и да добие шанса во тимот на Реал Мадрид, со што уште повеќе го зголемува притисокот врз раководството на „кралевите“ во преговорите за нов договор. Само за потсетување, актуелниот договор на одличниот плејмејкер истекува на крајот од следната сезона, па ако наскоро не биде договорена соработка тој летово ќе си замине од Мадрид.

Иско во неколку наврати истакнува дека финансиите не се клучен фактор во разговорите, туку премалата минутажа што ја добива со оглед на игрите што ги прикажува. Како што јавува мадридскиот весник „Ас“, Шпанецот гласно побарал да го добие местото во првите единаесетмина што му припаѓа на Герет Бејл, потенцирајќи дека цела сезона игра подобро од најскапиот фудбалер на „кралскиот клуб“. Имено, Иско постигнал повеќе голови (9-5) и асистенции (7-3) од Бејл, па шпанскиот репрезентативец неслучајно смета дека заслужува да се наоѓа во стартниот тим многу почесто отколку што тоа беше случај досега.

Местото на Иско е во Мадрид, тука нема никакви дилеми“ – го пофали тренерот Зидан својот фудбалер по победничкиот гол против Спортинг Хихон. Сепак, останува да се види дали Зидан е подготви да го задоволи барањето на Шпанецот за да го убеди да потпише нов договор со „кралевите“.

Се вчитува...