Иско се збогуваше од Реал Мадрид и го „пецна“ Мбапе (ФОТО)

Иско Аларкон и дефинитивно си заминува од Реал Мадрид овој јуни поради истекот на договорот, па поради тоа, младиот Шпанец сега реши да се збогува и да се поздрави со проштална порака на Инстаграм, откако претходно тоа го направи во живо на шампионската парада и прославата на „Сантијаго Бернабеу“.

Иско во последните сезони немаше статус каков што посакуваше, но може да се пофали дека стави пет шампионски прстени на својата рака, бидејќи пет пати беше дел од тимот кој се радуваше во Лигата на шампионите.

Офанзивниот фудбалер денеска става крај на една незаборавна етапа која траеше девет години, а која ја завршува и со специјален „поздрав“ до Килијан Мбапе кој пред извесно време му кажа „НЕ“ на Реал Мадрид.

„Кога бев во Малага и знаев дека треба да си одам, дадов збор на друг тим. Но, тогаш на мојата врата се јави Реал Мадрид и на Реал Мадрид не му се кажува не, иако се покажа дека секогаш има исклучоци, јасно алудирајќи на Мбапе. Се сеќавам дека на моите луѓе им велев дека Реал Мадрид одамна ја нема освоено Лигата на шампионите, а потоа дојде Ла Десима, па се после тоа е историја. Девет години подоцна ја завршувам мојата етапа во клубот кој направи да си ги исполнам сите мои детски соништа. Покрај тоа што си го исполнив сонот, освоив повеќе титули од што можев да замислам, играв со најголемите, запознав неверојатни луѓе. Ќе го паметам само позитивното и доброто и се надевам дека и вие ќе го направите истото. Сакам да им се заблагодарам на соиграчите, тренерите, стручниот штаб, физиотерапевтите, економите, вработените во Валдебебас и на сите кои ми искажаа љубов и ми даваа поддршка. Исто така, благодарност до оваа неверојатна публика која ме бодреше од првиот ден и која го однесе овој тим до врвот на светот. За крај, не знам зошто луѓето ги собираат работите од прославата на Сибелес, бидејќи на пат е 15-та титула во Лигата на шампиони“, порача Иско.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Isco Alarcon Suarez (@iscoalarcon)

 

Се вчитува...