Иско: Со ваква игра не се станува шампион

Иско го постигна водечкиот гол за Реал Мадрид на гостувањето во Џирона, но шпанскиот репрезентативец и неговите соиграчи беа шокирани на стартот од второто полувреме и загубија планирани три бода. Со тоа, „кралевите“ сега заостануваат огромни осум бода зад Барселона, па јасно е зошто Иско не го криеше разочарувањето по натпреварот во Каталонија.

Тешко е да се прифати ваков пораз, минавме извесно време воопшто не играјќи на стартот од второто полувреме. Со таква игра не се станува шампион бидејќи во Примера сите екипи се способни да те казнат ако не даваш 100%, како што можеше да се види денеска во Џирона. Имавме шанси за 0-2, не ги искористивме и стигна казната. Предноста на Барса е голема, но ние сигурно нема да се предадеме. Ќе продолжиме да се бориме, верувам дека наскоро ќе влеземе во посакуваниот ритам“ – изјави Иско.

Се вчитува...