Иско: Судиите некогаш даваат, некогаш земаат…Во Минхен имаше непостоечки пенал за Баерн

Реал Мадрид по продолженија, и со помош на некои контроверзни одлуки на судиите успеа да го елиминира Баерн Минхен со 4-2, пласирајќи се во полуфиналето на Лигата на шампионите. Германскиот првак во регуларниот дел стигна до 1-2, анулирајќи го триумфот на „кралевите“ од Минхен, но потоа Роналдо постигна два гола од сомнителни офсајд ситуации, а и Асенсио на крајот се запиша меѓу стрелците.

Иско смета дека Реал Мадрид сепак сосема заслужно се пласирал меѓу четирите најдобри екипи на Стариот континент, со можност да биде првиот тим што ќе ја одбрани круната во ЛШ.

„Беше навистина многу тежок натпревар, драматичен и со многу неизвесности. Но, успеавме на крајот да излеземе како победници и среќни сме поради тоа. Сега треба да се одмориме и да се подготвиме за „Ел Класико“. Околу судиските одлуки? Судиите некогаш даваат, некогаш земаат…Во Минхен, на пример, имаше непостоечки пенал за Баерн Минхен, но тие не го реализираа. Одиме понатаму, не очекуваат следни предизвици“, изјави Иско по елиминацијата на Баерн Минхен.

Се вчитува...