Искри на дербито: Трајковски доби исклучувачка грешка (ФОТО)

Дербито на кошаркарското првенство меѓу МЗТ Скопје и Пелистер непотребно стартуваше со тензија откако Бојан Трајковски уште во првата четвртина доби исклучувачка грешка од арбитрите на мечот.

Трајковски, кој се мачи со незгодна повреда и најверојатно немаше ни да влезе во игра на мечот, протестираше по една одлука да не биде досуден прекршок над еден од соиграчите. Следеше техничка грешка, а иако Трајковски на прв поглед се смири, судијата од половината на теренот веднаш му покажа и исклучувачка грешка.

МЗТ Скопје доминира во првото полувреме од овој дерби-дуел, на одмор заминувајќи со убедливо водство од 54-42.

Се вчитува...