Новиот прволигаш Шкендија Арачиново се засили со искусниот голгетер Марко Симоновски за дебитантската сезона во Првата лига. Клубот го потврди трансферот на искусниот голгетер, кој доаѓа од таборот на кипарски Енозис.
34-годишниот Симоновски минатата сезона играше за Башкими во првиот дел од сезоната, а потоа замина на Кипар каде настапи 12 пати без постигнат гол.
Голгетерот низ својата кариера смени многу клубови, а од македонските играше во Башкими, Гостивар, Металург, Напредок и Вардар. Играше во Финска, Казахстан, Романија, Косово, Узбекистан, Кипар…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
