Исланд во драматичен меч го запре налетот на Португалците

Португалија, по убедливиот триумф над домаќинот Шведска, не успеа да дојде и до втората поведа во Групата 2 од главната фаза на Европското првенство 2020. Португалците во драматичен меч загубија од Исланд со 25-28.

Исланѓаните беа подобри во текот на целата средба, наметнувајќи ритам од стартот на дуелот па на полувремето заминаа со два гола предност (12-14).

Во второто полувреме Исланд имаше предност и од четири гола, но Португалците стигнаа до неизвесна завршница која сепак им припадна на Исланѓаните.

Најефикасен во победата на Исланд беше Смарасон со осум гола, а Палмарсон и Петерсон постигнаа по пет погодоци. Кај Португалците Мартинс и Ареиа мечот го заврши со четири гола.

Се вчитува...