Исмаили: Шкупи по првите три бода против Македонија ЃП, без разлика што не играме на нашиот стадион во Чаир

По ремито со Брегалница во Штип, фудбалерите на Шкупи безусловно атакуваат на три бода на денешниот натпревар против  Македонија ЃП на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, во 2. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Капитенот на чаирчани, Фатих Исмаили е свесен дека ги чека нов тежок дуел, но верува дека тимот може до трите бода.

„Ни претстои многу тежок предизвик, имајќи предвид дека екипата на Македонија ЃП веќе неколку години постојано е со европски амбиции. Сите тимови во лигата имаат навистина квалитетни промени во составите, но ние денеска целиме кон првите три бода сезонава. Иако не играме на нашиот терен во Чаир, но сигурен сум дека, со помош на ‘Шверцерите’ ќе дојдеме до посакуваниот триумф. Го цениме максимално нашиот противник, но одиме на првите три бода“ – вели Исмаили.

ПМФЛ – 2. КОЛО (денеска, 17 ч.)

Струга: СТРУГА ТЛ – ПЕЛИСТЕР

Скопје: ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП

Тетово: ШКЕНДИЈА – РЕНОВА

Скопје: СКОПЈЕ – БРЕГАЛНИЦА

Велес: БОРЕЦ – ТИКВЕШ

Струмица: АК. ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ (20 ч.)

Се вчитува...