Исник Алими со Далиан Јинго се сензационални шампиони на Кина! (ВИДЕО)

Поранешниот македонски репрезентативц Исник Алими е сензационален шампион на Кина со екипата на Далиан Јингбо.

Далиан Јингбо дојде до својата прва титула во историјата, откако во последното коло триумфираше со 3-1 против Тијанџин, а лидерот до пред последното коло Ченгду неочекувано загуби од Шандонг со 3-2, иако му беше неопходен само бод за да дојде до титулата.

Но, она што е интересно, Далиан успеа до трофејот да дојде со неверојатно надополнување на негатива од 14 бода во последните пет кола за да дојде до трофејот. Но, Ченгду ги загуби последните четири натпревари од првенството, за трофеј за Исник Алими.

32-годишниот Алими се наметна како еден од најдобрите фудбалери на Далиан сезонава, еден од најзаслужените за освојувањето на трофејот. Но, и покрај тоа, иако беше незаменлив во националниот тим под водство на Благоја Милевски, по доаѓањето на новиот селектор Гоце Седлоски беше избришан од репрезентацијата на последните два собири, а нема повик и за престојниот ноемвриски собир.

Како и да е, Исник Алими испиша историја како прв македонски фудбалер во историјата кој дошол до титулата во шампионатот на Кина.

Се вчитува...