Испит по мерка: Ракометарите сакаат нова победа над Јапонија

Ракометната репрезентација на Македонија денеска повторно ќе излезе на мегдан со Јапонија, како дел од подготовките за пласман на ЕП 2026 во Хернинг, Данска.

Македонија ја совлада Јапонија (29-27) во првиот меч од затворен тип што се одигра во салата „Автокоманда“ во Скопје, но овојпат натпреварот со квалитетниот ривал од Азија ќе се игра прд публика, и тоа во салата во Автокоманда која се очекува да биде исполнета до последно место за нашите ракометари да ја добијат поддршката што ја заслужуваат.

Она што  јасно, на нешто повеќе од два месеца до стартот на ЕП секој заеднички тренинг, особено натпревар, е исклучително важен за кревање на нивото на игра. Лазаров и ракометарите се свесни за тоа, па во изминатите денови се работеше максимално, се со цел формата од СП во Вараждин да продолжи да се крева и во топ-ритам да се дочека европскиот шампионат.

„Нашата цел на овој собир е добра подготовка за континенталниот собир. Оваа Македонија на секое следно првенство оди напред. Овие млади играчи минаа долго време заедно и сите созреваат во лидери на своите екипи. Треба сите да нè сфатат сериозно, имаме многу квалитетни играчи и веруваме во системот. Имаме што треба да покажеме, а главното е како треба да се игра за Македонија“, изјави капитенот Филип Кузмановски.

Се вчитува...