„Иста мета, исто растојание“ во ВМФЛ: Водечките без грешка

Останува неизвесноста и натаму за тоа кој ќе оди во Првата лига, а кој ќе игра во баражот. Водечките денеска одиграа без грешка, иако Охрид не го одигра својот натпревар поради силно невреме во Радовиш.

Брегалница успеа да ја совлада екипата на Осогово  и така да го задржи првото место на табелата во Втората лига, пред последното коло кога игра против Победа на домашен терен, што не би требало да претставува проблем за тимот од Штип да се пласира во Првата лига.

Победи и Скопје на гостувањето во Големо Коњари и се задржа на втората позиција, додека Шкендија Арачиново на домашен терен ја совлада екипата на Новаци.

И Охрид е во игра за местата во бараж, но својот натпревар против Детонит не го одигра поради силно невреме.

ВМФЛ, 29. КОЛО

БЕЛАСИЦА – КАМЕНИЦА САСА 1-0

ДЕТОНИТ – ОХРИД 0-2

ГОЛЕМО КОЊАРИ – СКОПЈЕ 1-7

КОЖУФ – ТЕТЕКС 1-3

ОСОГОВО – БРЕГАЛНИЦА 0-3

ПОБЕДА – ВАРДАР Н. 3-5

ШКЕНДИЈА А. – НОВАЦИ 5-1

СЛОГА ВИНИЦА – ПРЕСПА 3-2

Standings provided by Sofascore

 

 

Се вчитува...