Истанбул ќе биде домаќин на Европските игри во 2027 година

Четвртото издание на Европските игри ќе се одржи во Истанбул во 2027 година, соопшти Европскиот олимписки комитет. Извршниот одбор на Европските олимписки игри едногласно го избра турскиот град за домаќин на четвртото издание на Европските игри што ќе се одржат во 2027 година.

По тој повод, претседателот на извршниот одбор, Спирос Капралос, го изрази своето задоволство од изборот на Истанбул за следен домаќин:

„Истанбул и Турција се добри пријатели на меѓународниот спорт долго време. Знаеме дека тоа ќе биде совршено место за најдобрите европски спортисти, дека ќе блеснат во Истанбул во 2027 година“, изјави Капралос.

Ова не е главната цел на Турција и Истанбул, туку кандидатурата за Олимписките игри во 2036 година. Првите Европски игри се одржаа во Баку во 2015 година, следните беа во Минск во 2019 година, а последните беа одржани во Краков минатата година.

Се вчитува...