Алкалоид е бранител на трофејот во Купот на Македонија, а ждрепката сакаше тимот на Кире Лазаров идентично како и на ланскиот фајналфор, годинава повторно во полуфиналето да се сретне со тимот на Вардар.
Завршниот турнир ќе се игра во Охрид на 31 мај и 1 јуни, а ждрепката одлучи „сино-белите“ од Автокоманда за место во финалето да се борат со најтрофејниот клуб во куп-натпреварувањето, во обид да стигнат до ново финале.
Ракометарите на Е. Пелистер за противник го добија Охрид, јасно е дека битолчани ќе ја имаат улогата на фаворити, но охриѓани на домашен терен, пред голем број свој навивачи ќе сторат се да го земат скалпот на „пелистерци“ во ова полуфинале.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА