Премиерлигашот Кристал Палас продолжува да ја живее најубавата година во постоењето на клубот откако стигна и до третиот трофеј (ФА куп и Комјунити шилд), а прв европски во историјата. Вечерва тимот од главниот град на Англија славеше со 1-0 против шпанскиот Рајо Валјекано во финалето
Двата тима исплашени од големината на мечот во кој се наоѓаат одиграа едно потпросечно прво полувреме во кое првата шанса се случи дури во судиското надополнување кога Тајрик Мичел само центиметри го делеа од гол за водство на лондонскиот тим.
Како оваа шанса да им даде дополнителен елан на орлите од северен Лондон кои одлично го отворија вториот дел и стигнаа до водство од 1-0 со погодокот на Жан Филип Матета во 51. минута.
До крајот избраниците на Оливер Гласнер ја задржаа предноста и стигнаа до првиот историски трофеј во Европа.
Crystal Palace [1] – 0 Rayo Vallecano – J. Mateta 51'
byu/eliseihado insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
