Историја во Англија: Прв гол досуден со ВАР-систем

Натпреварот меѓу Лестер и Флитвуд од ФА Купот ќе влезе во историјата на англискиот фудбал како прв меч со гол признаен со помош на ВАР технологија. „Лисиците“ зголемија на 2-0 преку Ихеаначо, помошниот судија го поништи голот поради офсајд, но по прегледувањето на видео-снимката беше утврдено дека голгетерот на Лестер се наоѓа во регуларна ситуација, а судијата покажа кон центарот.

Се вчитува...