Историја во Мајами: Трофејот го освои најслаборангирана тенисерка, која е пред пензија!

Американската тенисерка Данијел Колинс го освои трофејот на Мастерсот во Мајами. Таа во финалето ја победи четвртата светска тенисерка Јелена Рибакина од Казахстан со 7-5 и 6-3.

Колинс, која е 53-та тенисерка во светот, победи по два часа игра и ја освоите својата прва титула на турнирите од серија 1.000.

На тој начин таа стана најслаборангираната тенисерка која освоила титула на турнирот во Мајами, па веќе од понеделник ќе скокне на 22. место на ВТА листата. Колинс, интересно, на почетокот од оваа година изјави дека ја завршува својата кариера на крајот од 2024 година.

Рибакина, пак, втора година по ред губи во финалето на турнирот во Мајами, останувајќи на седум освоени титули во својата кариера.

Се вчитува...