Историја за Априлија на квалификациите во Муџело

Возачот на „Априлија“, Марко Беѕеки, го постави најбрзиот круг во квалификациите за Големата награда на Италија на автодромот Муџело. Италијанецот ја запре штоперицата на 1:43.921 минута што беше доволно за водечката позиција на трката во недела.

Вистинска еуфорија се виде во боксот на „Априлија“, и тоа со добра причина. Втората позиција на стартната линија ја зазеде Раул Фернандес, возач на „Тракхаус“, кој исто така управува со мотор на „Априлија“, додека Хорхе Мартин е на третото место.

Благодарение на тој настап на Шпанците, имено времето на Фернандез од 1:44.145 и 1:44.284 минути на Мартин, „Априлија“ постигна историски успех бидејќи само нејзините машини се во првиот ред, што никогаш не се случило во историјата на кралската класа.

Спринт трката во Муџело е закажана за 15 часот.

 

Се вчитува...