Историја за Дончиќ во поразот на Далас, моќното дуо на Лејкерс се повеќе зема залет (ВИДЕО)

Сакраменто го изненади Далас на негов паркет триумфирајќи со  106-110 во дуелот во кој „маверикс“ во вотрото полувреме беа подобри, но не успеаја да ја достигна предноста што Сакраменто ја изгради во воедниот дел. Немања Бјелица со 30 поени ги водеше „кингс“ до тирумфот. Тој го изрмани рекордот на кариерата на постигнати поени во НБа кариерата.

Од друга старана, Тим Хардавеј беше прв стрелец кај Далас со 29 поени, а Лука Дончиќ постигна 27 и со тоа стана првиот играч по 1976 година  во НБА кој врзал 19 последнови натпревари со 20 или повеќе поени.

Далас има ефект 16-7 и е третопласиран во Западната конференција. Сакраменто дојде до деветтата сезонска победа, има и 13 порази и тоа е доволно за 10. место на Запад.

Четврта последовна и 21 сезонска победа за Лос Анџелес Лејкерс. Тимот од „градот на ангелите“ славеше во пресметката со Минесота со 142-125  и останува неприкосновен во Запаадната конфереција со биланс 21/3. „Динамичното дуо“ Леброн Џејмс – Ентони Дејвис стана само вториот пар во историјата на клубот по Коби Брајант и Шекил О’Нил во 2003 година кој врзал два последовни натпревари со заеднички комбинирани поени од плус 70. Дејвис постигна највисоки сеознава 50 поени. Џејмс додаде 32.

Нова победа забележаа и Лос Анџелес Клиперс (17-7), тирумфираа со 119-135 над Вашингтон, а шампионот Торонто загуби на гостувањето кај Филаделфија со 110-104. „Репторс“ се дури петти во Источната конференција со биланс 15-7, Филаделфија е позиција пред нив со ефект 17-7. Истокот го предводи Милвоки(20-3).

Се вчитува...