Историја за македонскиот спорт: Лина Ѓорческа денеска игра на Вимблдон

Македонскиот спорт денеска испишува нови страници откако Лина Ѓорческа во 12 часот ќе излезе на теренот број 2 за својот прв настап на најголемата тениска сцена – британскиот гранслем Вимблдон.

Македонката неколку пати се обидуваше, а годинава конечно успеа, ги мина трите квалификациски рунди и се избори за место во главниот ждреб, каде за противничка ја доби ланската финалистка Анисимова.

Ѓорческа за пласман се избори преку квалификациите каде постигна три победи. Во првото квалификациско коло македонската тенисерка ја совлада Анхела Фита Болуда од Шпанија со 2-0 во сетови (62 64), потоа ја победи Португалката Франциска Жорге со 2-1 во сетови (57 62 61) и по негативата успеа да направи пресврт и да ги добие следните два сета. Жорге успеа да освои три гема. На сличен начин – доминатен Ѓорческа ја доби и третата противничка во квалификациите во т.н. финале каде беше поуспешна од Лаура Бронцети од Италија со 2-0 во сетови (61 62).

Историјата се испишува денеска на пладне, нема сомнеж дека Лина ќе стори се за да се покаже во најдобро можно светло и против големата фаворитка од САД. Дали ќе биде доволно за сензација, останува да се види, но во секој случај Ѓорческа заслужува само пофалби и аплаузи за карактерот, храброста и огромната желба за успех, што и се оствари со самиот пласман на Вимбллдон.

Се вчитува...