Историја за Воска Спорт: Финале во Купот на Македонија! (ВИДЕО)

Екипата на Воска Спорт запиша историја за себе со пласманот во првото финале во Купот на Македонија за клубот! Уште во првата сезона од пласманот на прволигашката сцена, Воска Спорт дојде и до можност да се бори за првиот свој трофеј во историјата на клубот со место во финалето на најмасовното домашно клупско натпреварување.

Денеска на реванш натпреварот во Ѓорче Петров, Македонија ЃП славеше со 2-1 против Воска Спорт, но тоа не беше доволно за „лавовите“ по оние 2-0 за Воска на првиот натпревар во Охрид.

На денешниот дуел, Воска спорт прва поведе уште во 13. минута со голот на Јахији.

Но, поранешниот репрезентативец Самир Фазли во 25. минута успеа да израмни на 1-1, на тој начин одржувајќи ги надежите на „лавовите“…

Во второто полувреме, Македонија ЃП успеа да дојде до победата од 2-1 со голот од пенал на Крсте Велкоски во 65. минута, но тоа недоволно сепак за пласман во финалето.

Во второто полуфинале во Кавадарци, Тиквеш и Шкупи одиграа без голови, идентично како и на првиот меѓусебен натпревар во Чаир. Па, пеналите ќе одлучуваат кој ќе игра финале.

КУП НА МАКЕДОНИЈА – ПОЛУФИНАЛЕ

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ВОСКА СПОРТ 2-1 (0-2)
Фазли 25′, Велкоски 65′(п) – Јахији 13′

Кавадарци: ТИКВЕШ – ШКУПИ 0-0 (0-0) – пенали:
* Во заградите за резултатите од првите натпревари

Се вчитува...