Историјат: Легендерното реми во Истанбул, и една победа на Македонија против Турција

ЕКИПА во Истанбул, Турција
Горан Бошев

Една победа има Македонија во досегашните натпревари против Турција. Тоа беше на пријателски натпревар во 2006 година во Австрија, кога Горан Мазнов донесе триумф на нашата репрезентација против Турците.

Последниот натпревар овие две репрезентации го одиграа во 2017 година во Скопје кога дуелот заврши без голови.

Претходно во сезоната 2002/03, кога Турција два пати ја совлада Македонија. Во Скопје беше 1-2, додека во Истанбул на стадионот на Бешикташ беше 3-2 за домаќинот. Највозбудлниот натпревар овие две селекции го одиграа на „Инону“ во Истанбул, кога беше 3-3. Алпај тогаш постигна три гола за Турците, и ги спаси од пораз, откако Македонија успеа да поведе најпрво 0-2, а потоа и 2-3, но на крајот Турција успеа да се извлече. Во Скопје беше 1-2 за Турција.

Претходно двете селекции играа само пријателски мечеви. Во 1995 година Турција победи со 2:1, а првиот меч овие две селекции го одиграа во 1994 година кога Турција славеше во Скопје со 0-2.

Се вчитува...