ИСТОРИЈАТ НА КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА: Вардар најтрофеен, трофејот е дело на Наќо Беќаровски, Слога Ј. има најмногу финалиња!

Македонија вечерва ќе го добие по 33-ти пат победникот на Купот на Македонија кој се игра за трофејот на Фудбалската федерација на Македонија.

Силекс и Шкендија на арената „Тодор Проески“ во обид да дојдат до својот четврти за Силекс, односно трети за Шкендија трофеј во најмасовното домашно клупско натпреварување.

А, најтрофеен клуб досега во историјата во Купот на Македонија, како и досега, е Вардар со шест титули, последната освоена минатата сзона.

Купот на Македонија, како натпреварување е основан во 1992 година, а првото финале е одиграно на 23 мај 1993 година кога Вардар славеше со 1-0 на Градскиот стадион во Скопје против Пелистер.

ПЕХАРОТ ЗА КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА е дело на академскиот вајар Наќо Беќаровски

Големиот пехар за Купот на Македонија е изработен од академскиот вајар Наќо Беќаровски. Висок е 51 сантиметар, а тежок 10.5 килограми и ги отсликува сите битни историски, културни, географски и природни вредности и богатства на Македонија.

Фудбалската топка преставува афион, а горниот цвет на афионот е од четири латици кои ги симболизира четирите дела на Македонија. Под топката се пламените јазици што ја симболизираат вековата борба на македонскиот народ. Столбот е обвиткан со винови лози и грозје што ја симболизира тиквешијата, основата е со фрагменти од историјата и културното наследство на Македонија, Камениот мост и шара на македонскиот килим.

 

Досега вкупно 15 екипи успеле да дојдат до трофејот во Купот, меѓу кои Вардар е шесткратен победник, во седум свои финални натпревари. Работнички има четири титули во Купот, а по три имаат токму Силекс и Слога Југомагнат.

СИТЕ ОСВОЈУВАЧИ НА ТРОФЕИ ВО КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА
6 Вардар 1993, 1995, 1998, 1999, 2007, 2025
4 Работнички 2008, 2009, 2014, 2015
3 Слога Југомагнат 1996, 2000, 2004
3 Силекс 1994, 1997, 2021
3 Македонија ЃП 2006, 2022, 2023
2 Пелистер 2001, 2017
2 Тетекс 2010, 2013
2 Шкендија 2016, 2018
1 Победа 2002
1 Цементарница 55 2003
1 Башкими 2005
1 Металург 2011
1 Ренова 2012
1 Академија Пандев 2019
1 Тиквеш 2024

Пет македонски градови досега биле домаќини на финалето на Купот.

ГРАДОВИ ДОМАЌИНИ НА ФИНАЛНИТЕ НАТПРЕВАРИ
25 Скопје
3 Струмица
2 Прилеп
1 Кавадарци
1 Штип

БРОЈ НА ФИНАЛИЊА ОДИГРАНИ ВО КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА
8 Слога Југомагнат
7 Вардар, Работнички
5 Македонија ЃП, Пелистер, Шкендија и Силекс
4 Тетекс
3 Победа
2 Академија Пандев, Цементарница 55, Металург, Струга ТЛ
1 Башкими, Маџари Солидарност, Милано, Напредок, Ренова, Тиквеш, Воска спорт

* Во 2021 година, поради пандемијата на коронавирусот Ковид 19, не се одигра финалето од Купот на Македонија

Се вчитува...