Историјата вели дека Реал Мадрид ќе ја освои Лигата на шампионите

Реал Мадрид се пласираше во полуфиналето од Лигата на шампионите, откако во четвртфиналниот двомеч го совлада актуелниот европски шампион Челси.

Историјата вели дека кога и да успевал да го исфрли од нокаут фазата актуелниот европски шампион, Реал Мадрид истата сезона стигнувал и до титулата во елитното натпреварување.

Претходно тоа се случило дури четири пати. Во 1998 година во полуфиналето беа подобри од Борусија Дортмунд. Две години подоцна го елиминираа Манчестер јунајтед во четвртфиналето. Во 2002 година во истата рунда беа подобри од Баерн Минхен, а против истиот противник славеа и во 2014 година во полуфиналето.

Се вчитува...