Историски меч за браќата Инсиње, Наполи го реши Беневенто

Наполи прокнижи нови бодови на калчолигашката табела откако тимот на нашиот Елиф Елмас попладнево како гостин славеше против Беневенто со 1-2. Овој меч ќе остане запишан во историјата како прв на кој двајца браќа постигнале гол за различни тимови, Роберто Инсиње биеше прецизно за водство на Беневенто, пред Лоренцо Инсиње да бие прецизно за израмнување на почетокот од второто полувреме.

Последни браќа кои играле еден против друг во Серија А биле Фабио и Паоло Канаваро, но браќата Инсиње се првите кои на ваков натпревар успеале да се запишат во листата на стрелци. Конечните 1-2 ги постави „резервистот“ Петања, кој шутираше прецизно по додавањето на Политано.

На вториот попладневен натпревар Парма се врати од негатива од 0-2 и ремизираше 2-2 против Специја, благодарение на погодоците на Галјоло и на Кучка од пенал.

Се вчитува...