Историски натпревар и феноменална премија: ФФМ ќе ги награди фудбалерите со 4,5 милиони евра за пласман на СП 2022!

Македонија вечерва сонува за пласман на Мундијал, што би било најголем успех за македонскиот национален тим во историјата. Македонските репрезентативци во Порто ќе имаат шанса да испишат нова страница во историјата, а за тоа ФФМ добро ќе ги награди.

ЕКИПА дознава дека ФФМ ќе ги награди фудбалерите со 4,5 милиони евра доколку успеат да се пласираат на Светското првенство во Катар годинава. Дополнителен мотив за играчите да обезбедат учество на Светското првенство.

Инаку претходно и Владата најави награда од 500.000 евра. И самиот пласман ќе донесе многу пари за Македонија. Сега останува само играчите да ги исполнат задачите и вечерва да победат против Португалија.

Македонија се пласираше во финалето на баражот за пласман на Светското првенство по големата победа над Италија во Палермо со 0-1.

Се вчитува...